loader
Oops...
Slider with alias blogheader not found.

Inno Cafe настан 13/08/2023

На Ино Кафе настан кој се одржа во април беа презентирани два иновативни производи креирани и развивани од страна на млади тимови во ИНО ФАБ ЛАБ, првата лабораторија за производство и прототипирање која се наоѓа на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Беше презентирана работата на на тимовите „Дизајнирање и прототипирање на аеродинамичен објект“ и на тимот „“Green lazy bags oд текстилен отпад“ кои во изминатите месеци беа развивани под менторство на професори и асистенти на Технолошко-металуршкиот и Машинскиот факултет. Своите искуства…

Бизнис обука 13/08/2023

Во позитивна и ентузијастичка атмосфера помина еднодневната работилница на ИНО ФАБ ЛАБ за развој на основни бизнис вештини во февруари. 80-тина студенти и средношколци преку вежби, игри и интересни презентации се инспирираа како да размислуваат како претприемачи. Јован Сталевски, Интернационален Мастер обучувач и советник според ЦЕФЕ Методологија ги запозна учесниците со основите на претприемништвото, што влијае на претприемачкото размислување и делување? Дали претприемништвото се учи или е вродено и како да се стекнат претприемачки компетенции? Темите на обуката: Запознавање и…

Крекери од лушпи од домати 13/08/2023

Солени крекери, создадени од отпад од домати Ова е тимот под водство на д-р Мишела Темков, доцент на Технолошко-металуршки Факултет во Скопје во состав: Моника Спасовска дипл. инж. прехранбен технолог, Рабије Махмути дипл. инж. прехранбен технолог и Кристина Јакимовска студент на катедрата по прехранбена технологија и биотехнологија при ТМФ, кои неколку месеци активно работеше на развивање на рецептура за крекери со лушпи од домати и подесување на оптималните процесни параметри. Главната цел на инкорпорирање на нуспроизводи од домати во прехранбените…

Прототипирање на аеродинамичен објект 04/09/2022

Формиран е првиот тим составен од средношколци и студенти кој ќе работи на дизајнирање и прототипирање на аеродинамичен објект со иновативни карактеристики. Асистентките од Машинскиот факултет при УКИМ, м-р Елена Ангелеска и д-р Марија Лазаревиќ ќе го предводат тимот составен од средношколци и студенти кој ќе работи на дизајнирање и прототипирање. Тестирањето на објектот ќе се одвива во лабораторијата за механика на флуиди и хидраулични машини на Машинскиот факултет во Скопје.

Eколошки бекатон плочки од оризови лушпи 04/09/2022

Во рамките на проектот, овој тим ќе работи на добивање еколошки бекатон плочки од оризови лушпи кои претставуваат земјоделски отпад. Во проектот, оризовата лушпа ќе има двојна улога: во првата етапа, таа ќе се користи како филтер за прочистување на отпадните води од бојачниците на памук, а во втората, во комбинација со бетон ќе се користи за добивање еколошки бекатон плочки. Meнторки се Јована Петковска и Нина Младеновиќ од Технолошко-металуршки факултет.  

Green Lazy Bag 04/09/2022

Проект во кој текстилниот отпад ќе се користи како полнило за Lazy Bags. Со тоа ќе се добијат производи со додадена вредност и ќе се примени концептот на циркуларна економија.

© 2022 InnoFabLab. All rights reserved. Powered by Infinity Design