Прототипирање на аеродинамичен објект
Формиран е првиот тим составен од средношколци и студенти кој ќе работи на дизајнирање и прототипирање на аеродинамичен објект со иновативни карактеристики. Асистентките од Машинскиот факултет при УКИМ, м-р Елена Ангелеска и д-р Марија Лазаревиќ ќе го предводат тимот составен од средношколци и студенти кој ќе работи на дизајнирање и прототипирање. Тестирањето на објектот ќе се одвива во лабораторијата за механика на флуиди и хидраулични машини на Машинскиот факултет во Скопје.