Основана во 2022 година, ИНО ФАБ ЛАБ е правата лабораторија за производство и прототпирање во Република Северна Македонија финансиски поддржана од Фондот за иновации и технолошки равој во рамки на предизвикот за воспоставување на лаборатории за производство FAB LABS “Младите создаваат“, Амбасадата на САД преку Alumni Outreach програмата и од компаниите: Макстил, Цементарница УСЈЕ, Кабтел, Тексил Солушнс и Завар Дизајн.
Основана е од страна на Здружението ИНО ТЕХ КЛУБ Штип, а лоцираната е на Технолошко-металршкиот факултет во Скопје. Во неа, под менторство на академски професори и стручни лица од реалниот сектор, млади на возраст од 15 до 29 години развиваат и тестираат иновативни идеи до создавање продукт-прототип. Овде младите имаат пристап до најсовремена опрема за развој на иновации и ниво прототипирање, но и до широка мрежа на ментори со најразлична експертиза, пристап до потенцијални инвеститори и можност за иден развој и комерцијализација на иновациите.
Клучната цел на оваа лабораторија е да се зајакне иновативната инфраструктура во земјава и да се подобрат вештините и знаењата на младите средношколци и студенти.
Корисниците на ИНО ФАБ ЛАБ креираат инспиративна заедница. Многу успешни технолошки иновативни проекти ќе стартуваат токму овде- во ИНО ФАБ ЛАБ!
Во првата година Inno Fab Lab ќе им овозможи на педесетина креативни средношколци и студенти да се вклучат во работа на конкретни проекти кои ќе резултираат со развој на најмалку шест продукт прототипи. Тимовите составени од 6-8 млади луѓе во период од четири-месечно менторирање ќе имаат можност да ги надградат своите технички знаења и вештини, да стекнат искуство со тимска работа и да научат како да развијат идеја до продуктпрототип. Преку оваа едукативно-практична програма на развој на производ, учесниците ќе навлезат подлабоко во светот на техниката и технологијата и ќе се стекнат со искуство и вештини кои подоцна ќе им помогнат во успешно трасирање на нивните кариери.
Освен технички и иновациски вештини, учесниците во работата на ИНО ФАБ ЛАБ ќе поминат и обука за основни бизнис и претприемнички вештини кои ќе им бидат од клучно значење за следната фаза од нивниот кариерен развој и за зголемување на шансите за комерцијален успех на иновациите кои ги развиваат во оваа лабораторија.
Првиот повик за учество во работата на ИНО ФАБ ЛАБ заврши успешно. Младите покажаа голем интерес и на првиот повик, кој заврши на 30 јуни 2022 година, се пријавија 38 кандидати на возраст од 15 до 29 години. Најголем интерес изразија средношколците (58%) и студентите (37%). Радува фактот дека половина од пријавените учесници се девојки. Во моментов се формираат првите тимови кои ќе работат во нашата лабораторија за производство и прототипирање.
Првиот тим составен од средношколци и студенти ќе работи на дизајнирање и прототипирање аеродинамичен објект. Асистентките од Машинскиот факултет при УКИМ, м-р Елена Ангелеска и д-р Марија Лазаревиќ ќе го предводат тимот. Прототипот ќе се изработи во ИНО ФАБ ЛАБ, а тестирањето на објектот ќе се одвива во лабораторијата за механика на флуиди и хидраулични машини на Машинскиот факултет во Скопје.
ул. Руѓер Бошковиќ бр. 16, 1000 Скопје
телефон за контакт – 070 401 164
email адреса – contact@innofablab.mk