Eколошки бекатон плочки од оризови лушпи 04/09/2022
Во рамките на проектот, овој тим ќе работи на добивање еколошки бекатон плочки од оризови лушпи кои претставуваат земјоделски отпад. Во проектот, оризовата лушпа ќе има двојна улога: во првата етапа, таа ќе се користи како филтер за прочистување на отпадните води од бојачниците на памук, а во втората, во комбинација со бетон ќе се користи за добивање еколошки бекатон плочки. Meнторки се Јована Петковска и Нина Младеновиќ од Технолошко-металуршки факултет.