
Крекери од лушпи од домати
Солени крекери, создадени од отпад од домати
Ова е тимот под водство на д-р Мишела Темков, доцент на Технолошко-металуршки Факултет во Скопје во состав: Моника Спасовска дипл. инж. прехранбен технолог, Рабије Махмути дипл. инж. прехранбен технолог и Кристина Јакимовска студент на катедрата по прехранбена технологија и биотехнологија при ТМФ, кои неколку месеци активно работеше на развивање на рецептура за крекери со лушпи од домати и подесување на оптималните процесни параметри.
Главната цел на инкорпорирање на нуспроизводи од домати во прехранбените производи е негово хранливо збогатување, правејќи го производот извор на протеини, влакна или ликопен. Со зголеменото присуство на антиоксиданти во производот, во голема мера се инхибира оксидацијата на липидите или микробниот раст. Инкорпорирањето на отпадот од индустријата за домати во крекери се прави за да се заменат вештачките адитиви и солта, и да се подобри нивната функционалност.






