Inno Cafe настан
На Ино Кафе настан кој се одржа во април беа презентирани два иновативни производи креирани и развивани од страна на млади тимови во ИНО ФАБ ЛАБ, првата лабораторија за производство и прототипирање која се наоѓа на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Беше презентирана работата на на тимовите „Дизајнирање и прототипирање на аеродинамичен објект“ и на тимот „“Green lazy bags oд текстилен отпад“ кои во изминатите месеци беа развивани под менторство на професори и асистенти на Технолошко-металуршкиот и Машинскиот факултет.
Своите искуства како претприемачи и менаџери со присутните гости ги споделија Весна Иваноска е Генерален Менаџер на Сеавус едукативен и развоен центар и Горан Митревски, сопственик и дикректор на КАБТЕЛ